„Горење“ отпушта 2.200 работници поради намалената потрошувачка предизвикана од пандемијата со Ковид-19

Словенечкиот производител на бела техника „Горење“ ќе отпушти 2.200работници поради кризата предизвикана од пандемијата со новиот коронавирусот, јави Радио телевизија Словенија (РТС).

Одлуката за отпуштање на работниците е донесена на синоќешниот вонреден состанок на претставниците на „Горење“, со образложение дека намалува побарувачката поради пандемијата.

Од вкупно 2.200 работници кои же добијат отказ, илјада ќе бидат во Словенија, а останатите филијалите во други земји,изјави претставникот на Синдикатот на „Горење“, Жан Жеба.
Минатиот април, во компанијата работеа 9.300 луѓе, пренесува РТС.

„Горење“ е еден од најголемите словенечки извозници, и има фабрики во Србија и во Чешка, а во 2018 година компанијата беше преземена од кинеската фирма „Хисенсе“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e