(ФОТО) Први фотографии на Ким Џонг-ун по 11 април

Севернокорејската новинска агенција КЦНА објави фотографии на лидерот Ким Џонг-ун од вчерашното отворање на една фабрика за ѓубриво во близина на Пјонгјанг.

Тоа е прво појавување на Ким во јавност во последните 20 дена, откако претходно беше виден последен пат на 11 април.
Kim dzong un1Агенцијата наведе дека Ким ја пресекол црвената лента на церемонијата на отворање хемиска фабрика, а присутните „громогласно извикувале „ура“ и на тој начин го поздравиле врховниот лидер“.

Тој изразил задоволство поради производниот систем на фабриката, нагласувајќи дека објектот претставува значаен придонес во напредокот на хемиската индустрија и производството на храна во земјата, наведува државниот медиум.
KIM DZON UNКим бил придружуван од неколку високи севернокорејски претставници, како и од неговата помлада сестра Ким Јо Џонг.

Бидејќи не присуствуваше на церемонијата на одбележувањето на роденденот на својот дедо Ким Ил-сунг, основачот на Северна Кореја, светските медиуми шпекулираа дека здравствената состојба на Ким Џонг-ун по операцијата на срце е влошена, а се појавија и информации дека наводно починал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e