(ФОТО) Инцидент во албанскиот парламент: Премиерот Еди Рама гаѓан со јајца

Седницата на Парламентот на Албанија на кратко беше прекината откако пратеникот од опозициската Демократска партија Ендри Хаша го гаѓаше со јајца премиерот Еди Рама.

Рама по инцидентот ја напушти собраниската седница.

Фотографијата на која се гледа како Хаша го гаѓа Рама со јајца ја објави поранешниот албански премиер Сали Бериша со порака „За присутните – тост и јајца“.

Порталот „Лајми фундит“ објави дека Хаша го гаѓал Рама со јајца додека премиерот бил на говорница, а потоа уследил судир помеѓу пратениците и обезбедувањето во Парламентот.

rama-jajca

Пред почетокот на седницата пред зградата на Парламентот протестираа голем број ученици и студенти. Протестите, кои се одржуваат и во другите албански градови, траат 16 денови, со барање за подобрување на условите за студирање.

Во април годинава, пак, пратеникот Фламур Нока фрлаше со брашно и јајца кон премиерот Рама.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e