Финска бара 150.000 работници

Дури и Финска, која се смета за најсреќна земја во светот, се соочува со стареење на населението, а тамошната влада е под зголемен притисок за дополнително зголемување на стапката на вработеност. Затоа, зајакнувањето на пазарот на трудот би можело да биде еден од адутите на партиите што ќе се борат за гласовите на гласачите на следните парламентарни избори во април оваа година, пишува Блумберг.
Со оглед на тоа што Финска се бори со економскиот пад пред неколку години, вторпат по главната економска криза во 2008 година, премиерот Јуха Шипила успеа да го зајакне пазарот на трудот со 140.000 нови работници, а сега му требаат уште 150.000 луѓе за да ја осигура економската стабилност на земјата.

Финска е земја која им дава на своите невработени граѓани месечен приход од 560 евра, а експериментот се покажа како многу успешен за две години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e