Едно лице е убиено, а друго е потешко повредено во пукотница во ресторанот „Фигелмилер“ во центарот на Виена.
Како што пренесуваат странските медиуми, околностите за нападот и мотивите засега се непознати. Во тек е потера по напаѓачот. Дел од медиумите неофицијално пренесуваат дека напаѓачот е азилант, а низ квартовите во регионот се распоредени специјалните единици „Кобра“.