Џонсон: Јас сум убеден дека Велика Британија ќе постигне договор за слободна трговија со ЕУ до крајот на 2020 година

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека не сака Владата да се откаже од подготовките за можен Брегзит без договор.

– Многу од овие подготовки ќе бидат исклучително корисни, бидејќи секако ги напуштаме  договорите со ЕУ. Затоа, мислам дека беше соодветно што тоа го направивме и треба да ги задржиме во состојба на подготвеност, изјави Џонсон пред новинарите.

Тој додаде дека е убеден дека Велика Британија ќе постигне договор за слободна трговија со ЕУ до крајот на 2020 година, што ќе го отстрани ризикот од економски шок по Брегзит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e