Истрели се слушнале во Зубин Поток, на северот на Косово околу 19:45 часот. До пукањето дошло кога специјалните сили на Косово се обиделе да ја отстранат барикадата на алтернативен пат.
Ова е втор случај на пукање и детонација за два дена во Зубин Поток, за што нема официјални информации. Барикадите во Зубин Поток во моментов се мирни.
Како што може да се слушне на видеото од местото на настанот, низ српскиот град одекнуваат истрели и се слушаат експлозии.
Како што дознава „Новости“, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, штотуку ја завршил средбата со премиерката Ана Брнабиќ и воениот врв, а по средбата со претседателот Вучиќ, генералот Милан Мојсиловиќ итно заминал за гарнизонот Рашка.
– Само што завршив средба со врховниот командант и темата беше Косово и Метохија. Не можам да ви кажам детали за нашата средба. Заклучокот е дека моментално сум на пат и патувам за Рашка. Задачите кои ни се дадени на војската на Србија и на мене се прецизни, јасни и ќе бидат целосно спроведени. Ситуацијата бара присуство на војската на Србија долж административната линија бидејќи е сложена, рече Мојсиловиќ.