Во тешка сообраќајна незгода што се случи рано утринава во Белград, на самото место загинаа Н.Н. (20), кој се наоѓал на совозачкото седиште и една девојка (20) која била сопатничка во автомобилот.
Потсетуваме дека во несреќата учествувале патничко возило БМВ и комбе , во кое најмалку осум лица се повредени.
Во комбе повредени се шест патници, петмина се пренесени во Ургентниот центар, а еден е повреден во Воената медицинска академија.
Неофицијално настрадал и 60-годишниот возач на автомобилот марка „БМВ“, но засега нема официјална потврда.
Очевидци изјавиле за Курир дека БМВ се движело од правец на Дедиње, додека комбето заминувало од Славија.
-Нешто пукна толку силно што помисливме дека се работи за експлозија. Кога погледнавме на улица, тројца мажи лежеа на пешачкиот премин, па помисливме дека ги удрил автомобилот марка „БМВ“, меѓутоа видовме и комбе кое беше подигнато на жардиниерите, а автомобилот беше забиен во скалите на српската Влада. Тогаш сфативме дека се работи за страшна несреќа. Беше страшно, жена врескаше и бараше помош-раскажал очевидец.
Очевидците додале дека двајца од мажите кои лежеле на пешачки успеале некако да станат.
-Полицајците од Влада истрчаа и повикаа помош. Веднаш пристигнаа неколку амбулантни возила, полиција и пожарникари. Беше страшно-раскажал очевидецот.
Инаку се сомневаат дека до несреќата дошло кога автомобилот „БМВ“ поминал на црвено светло на семафорот и се судрил со комбето.