Црногорец убиен додека седел во кафуле

Дејан Лакушиќ од Подгорица е убиен околу 18 часот додека седел во кафуле во главниот град на Црна Гора.

Поради убиството на Лакушиќ, полицијата го уапсила неговиот сограѓанин Горан Алексиќ, кој поради тоа дело сам се предал.

Според црногорски „Вијести“, постои сомневање дека Алексиќ испукал неколку куршуми кон Лакушиќ, додека тој седел на терасата од кафуле на таа улица.

Овој дел од градот е блокиран и во тек е истрага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e