Британскиот премиер Борис Џонсон позитивен на корона вирусот

Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон е позитивен на корона вирусот.

Тој кажа дека во последните 24 часа развил благи симптоми, по што се тестирал.

Во последните 24 часа ми се појавија благи симптоми, по што имав позитивен тест на коронавирус. Сега сум во самоизолација, но додека се борам со вирусот ќе продолжам да раководам со владата преку платформи за видео-конференција“, изјави Џонсон

Тој заедно со својата девојка Кери Сајмондс го очекуваат своето дете.
Кери Сајмондс стана првата невенчана партнерка на еден британски премиер што се пресели во домот на премиерот во улицата Даунинг бр. 10.

Како што британскиот „Телеграф“ наведува, Џонсон ќе биде првиот премиер во 250 години што ќе се ожени додека е на таа функција.
Инаку од 24.март и Британците мора да останат дома и да излегуваат само за најосновните потреби. Ваква одлука донесе премиерот Борис Џонсон, со која на граѓаните им е дозволено да отидат до продавница, да имаат само една физичка активност во денот, како што е трчањето, да се излезе до аптека, и да се отиде до работа и назад до дома.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e