БМВ испрати 150 работници во карантин, поради појава на коронавирус во колективот

Во „БМВ“ ситуацијата е иста како во „Најки“. Поради вработен кој е позитивен на коронавирусот, германската компанија испрати 150 работници на карантин, во Минхен.

„Потврдуваме дека нашиот вработен, од БМВ-групацијата, е позитивен на коронавирус и е на терапија од викендот. Тој добро закрепнува. Здравјето и безбедноста на нашите вработени се на прво место, и ние ги преземаме сите можни чекори за да ги заштитиме“, стои во официјалното соопштение од оваа групација.

Тие исто така наведуваат дека сите колеги кои во текот на мнинатиот викенд биле во контакт со заразениот вработен, биле испратени на двонеделен домашен карантин. Тие потенцираат дека постојано се во врска со нивната медицинска служба и дека навремено ги известуваат своите вработени за сè што се случува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e