Бездомничка во Германија се породила на метро-станица на -15 степени

Бездомничка во Германија се породи утринава на минус 15 степени на метро-станица.

Тоа се случило околу 5 часот наутро на станицата во Нинберг во Баварија, а полицијата ја пронашла 20-годишната жена со новороденчето на решетката за вентилација под метро-станицата, пренесува АП.

Жената и бебето биле во вреќа за спиење и се обидувале да се загреат, тие веднаш биле пренесени во болница за понатамошно набљудување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e