Балканскиот Ескобар и се предаде на албанската полиција

По цели две години потрага, денеска на албанската полиција и се предаде Клемен Балили наречен Балакански Ескобар кој е организатор на меѓународниот шверц со дрога од Албанија во странство.
Министерот за внатрешни работи на Албанија Сандер Лешај изјави дека Балили се предал на полицијата заедно со неговиот адвокат.

„По две години потрага, полицијата деновиве го обиколи местото каде што се криеше Балили во близина на Делвина, па верувавме дека конечно ќе биде уапсен. Сепак тој денеска се предаде на полицијата“ додаде албанскиот министер за внатрешни работи.

Предавањето на Балили на полицијата се случува во момент кога се подготвува стартот на големиот судски процес на Клемен Балили во Тирана. Јавното обвинителство за тешки кривични дека на Балили го обвинува за организиран меѓународен шверц со дрога како и организирање на криминални групи. Албанските медиуми кои се повикуваат на дебелото досие на Балканскиот Ескобар, пишуваат дека станува збор за човек кој го организираше најголемиот шверц со дрога од Албанија во Европските држави но и пошироко. Тој се обвинува за производство и трговија со огромни количини на дрога и поврзаност со голем број на меѓународни шверцерски канали на дрога . Дел од медиумите додаваат дека Клемент Балили зад кој цели две години трага од страна на полицијата е поврзан и со високи политички структури во Албанија . Инаку јавното обвинитество тврди дека стотици тони дрога од Албанија се шверцувани во Италија, Грција и други Европски земји токму од страна на организираната група на Балили . Истите извори оценуваат дека „ако Балили проговори, ќе паднат и повеке познати албански политичари“.

К. Мимидиноски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e