Авион успешно слета во Мадрид поради проблеми со моторот

Боинг 767 на „Ер Канада“ успешно слета во Мадрид откако имал проблеми со еден мотор и гумата, која пукнала за време на полетувањето. Во леталото имало 128 патници, а пилотите кружеле околу аеродромот за да го потрошат горивото поради проблемот со моторот.

Шпанските власти испратиле воен авион Ф-18, кој имал за задача да ја процени штетата на авионот. И покрај проблемот со едниот мотор, леталото е дизајнорано да може да работи со еден мотор.

-Сепак, беше прогласена вонредна состојба за да се даде приоритет при слетувањето, појасни Ер Канада.

Авиокомпанијата побарала авионот да слета 30 минути по неговото полетување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e