Околу 120 патници биле хоспитализирани в болница, откако авион од типот Боинг 737 на авиокомпанијата „Пегасус“ излета од пистата на истанбулскиот аеродром „Сабиха Гокчен“ по што се распадна на три дела.
Од Министерството за здравство потврдија дека едно лице починало.
Авионот, на ниско буџетната авиокомпанија „Пегасус“, пристигнал од Измир, објави телевизијата НТВ.
Турското Министерство за сообраќај соопшти дека во авионот имало 177 патници и членови на екипаж. Министерството посочи дека до несреќата дошло поради груба грешка при слетувањето.
Извор: Тера ТВ