Денес заврши историското судење на американскиот претседател Доналд Трамп. во 22 часот почна гласањето за отповикување и Сенатот на крајот одлучи дека нема основа за отповикување на Трамп.
Тесно, со само четири гласа повеќе Сенатот одлучи дека Трамп не е виновен за обвинението за злоупотреба на функцијата. 48 гласаа дека е виновен, додека 52 пратеници гласаа против. Поради тоа, американскиот претседател е ослободен од обвинението.
Сенаторите кои се заколнаа како поротници требаше да одлучат дали Трамп ја злоупотребил својата должност и го попречувал Конгресот, за што беше обвинет во двата члена на отповикувањето. Трамп беше обвинет дека ја прекинал воената помош за Украина за да создаде притисок врз украинскиот претседател Володимир Зеленски да отвори истрага за противкандидатот Џо Бајден, како и дека потоа правел сѐ за да му ја отежни истрагата на Конгресот.