Ако 95% од луѓето носат маски, немаше да има „заклучување“

Во Европа досега се регистрирани близу 16 милиони случаи на заразени со коронавирусот и починале околу 355.000 луѓе, изјави Ханс Клуге, директор на Светската здравствена организација за Европа и процени дека кога 95 проценти од луѓето би носеле маски, „рестриктивните мерки не би биле потребни“.

– Сепак, се проценува дека околу 60 проценти од луѓето во Европа носат маски, можеби и помалку, па затоа е тешко да се избегнат рестриктивните мерки, рече Клуге.

Во Европа се евидентирани 28 проценти од пријавените случаи и 26 проценти смртни случаи, а над 80 проценти од европските земји забележале зголемување на бројот на заразени на 100.000 жители.

– Како резултат на тоа, гледаме здравствени системи пред распаѓање. Франција за само десет дена ги пополни капацитетите за интензивна нега на 95 проценти, а во Швајцарија единиците за интензивна нега се полни. Во последните две недели, бројот на смртни случаи е зголемен за 18 проценти. Ако минатата недела почнале 29.000 луѓе, тоа значи дека во Европа од корона умира по едно лице на секои 17 секунди. Само во ноември беа регистрирани повеќе од четири милиони нови случаи, рече Клуге.

Тој додаде дека секој пат кога ќе избереме да ги почитуваме рестриктивните мерки и совети, го намалуваме ризикот од ширење на Ковид-19.

– На овој начин, ние спречуваме загуби на човечки животи. Во моментов, околу 4.500 луѓе умираат секој ден во Европа. Ова може да се избегне. Благодарение на рестриктивните мерки, го намаливме бројот на нови инфекции од повеќе од два милиони случаи на 1,8 минатата недела. Тој напредок е мал, но значаен, рече Клуге.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e