80.000 деца во Бејрут ќе останат бездомници по катастрофалната експлозија

Се проценува дека до 80.000 деца се раселени во Либан, откако нивните домови беа оштетени во огромната експлозија во Бејрут во вторникот, објави УНИЦЕФ.

Спасувачките екипи сè уште ги пребаруваат урнатините на пристаништето во Бејрут во потрага по телата на жртвите, скоро три дена по страшната експлозија во која загинаа најмалку 154 лица и беа повредени илјадници. Десетици сè уште се водат за исчезнати, а бројот на повредени вчера достигна над 5.000.

Околу 300.000 луѓе – повеќе од 12% од популацијата на Бејрут – не се во можност да се вратат во своите домови поради ефектите од експлозијата. Силниот удар ги разниша вратите и прозорците низ градот и остави многу згради празни. За повеќе од една четвртина од луѓето кои морале да ги напуштат своите домови, се верува дека се деца.

Вчера, УНИЦЕФ соопшти дека е загрижен дека многу деца претрпеле траума и останале во состојба на шок. Виолет Спек-Ворние, заменик претставник на организацијата во Либан, рече: „Во текот на изминатите 48 часа, УНИЦЕФ продолжи да тесна координација со властите и партнерите на терен за да одговори на итните потреби на погодените семејства, фокусирајќи се на здравјето на децата, водата и благосостојбата“.

Организацијата додаде дека вчера имало бројни извештаи за деца одвоени од членовите на семејството, од кои некои сè уште се наведени како исчезнати и дека уништена е детската болница во Бејрут, која имала специјализирано одделение за лекување на новороденчиња во критична состојба.

УНИЦЕФ соопшти дека се залагале за повторно обединување на децата одделени од нивните семејства и отвориле телефонска линија за да обезбедат психосоцијална поддршка за да им помогнат на децата да се справат со стравот и траумата што ја преживеале.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e