Жерновски за новоизграденото училиште: Ова училиште е симбол на една победа, онаа на Центарци во 2013 година!

Го имаме! Училиштето на новото време, за децата на новото време!

Ова училиште е симбол на една победа, онаа на Центарци, кои во 2013 година, и по највисока цена, гласаа во три круга!
И победија!
Гласаа на местото на барокното, да се врати модерното време. Да се градат современи и најубави градинки и училишта, наместо споменици.
Тоа и се случи, па средствата кои од претходното раководство беа наменети за барокна гаража кај “Нова Македонија”, ги пренаменивме за изградба на ова грандиозно училиште во Капиштец.
На 3 декември 2015 година, Советот на Општината гласаше “ЗА”, и потоа, се’ е историја. Од рекордните 21 идејни решенија на конкурсот “Школо-парк”, поставени и на изложба, беше избрано најмодерното меѓу модерните, она на архитектот Бесиан Мехмети. Идеалното.
Последно нешто што тогашната централна власт сакаше да го види е ова и вакво училиште во Центар, кое пркосеше на нивниот стиропор барок во “Скопје 2014”. Но, ние ветивме најубаво училиште во регионот и денеска се оствари сонот да го видам на јаве, како и на секој родител и дете на тринаесетилјадниот Капиштец. Три години се боревме за секој метар земја, за секој глас, потпис и печат. Нула денари беше владината поддршка, 0 за сите наши проекти.
На поставувањето на темелите, заедно со Зоран Заев кој ни даваше огромна поддршка да истраеме, Пеце од “Суперхикс” зборуваше во името на жителите на Капиштец: “Долго време го чекавме овој момент. Откако знам за себе слушам за проектот ново школо во Капиштец. Еден градоначалник дојде, си замина, друг дојде си замина, сите дојдоа и си заминаа, па си заминаа и некои луѓе од Капиштец. Школо не добивме. Потребно ни е и го чекавме долго време. Нека ни донесе нови попаметни генерации”.
И еве го сега по среќниот крај, среќниот почеток. За децата на Пеце, и децата на неговите сегашни и идни соседи. За никој повеќе да не си замине….

Ако морало да се чека половина век за ново училиште во Центар, чекањето вредеше. Секое ново училиште да биде исто толку убаво.
За сите што веруваат дека може да се влијае на она што сè уште не се случило. Иднината!
Се разбира, големи и искрени честитки за градоначалникот Богдановиќ и сите вработени во Општина Центар, кои со срце и ентузијазам ја продолжија и успешно реализираа изградбата. Без тој ангажман, немаше ни да го има училиштето.
Благодарност и до сегашната Влада, која ја стимулираше изградбата и без никакви дилеми додели средста за доопремување на училиштето.
Ете, во тоа е разликата.

Од името на сите нас, посакувам
среќни училишни денови за секое наше дете во нашата општина, во нашиот град и во нашата држава!
Им благодарам на сите кои во овие долги и важни години беа со нас.

Успеавме, бидејќи огнот што гореше во нас, беше посилен од огнот што гореше околу нас!

Фб статус на Андреј Жерновски 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e