Жерновски: Руското разузнавање и дипломатија со години се обидуваат да го блокираат македонскиот исчекор кон НАТО и ЕУ

Руското разузнавање и дипломатија со години се обидуваат да ја дестабилизираат државата и да го блокираат македонскиот исчекор кон НАТО и ЕУ.
Гледано и од регионален аспект, проширувањето на земјите од Западен Балкан кон Европската Унија и НАТО, Русија го смета за закана. Во интерес на Москва е да го задржи овој регион надвор од западните структури што е можно подолго, па затоа и понатаму ќе се стреми да го дестабилизира преку одржување на замрзнати конфликти и зголемување на тензиите котистејќи ги економската политика, пропагандата и дезинформациите.
Балканот е во континуитет важна област во геостратешката политика на Русија. Нејзиното влијание врз внатрешната и надворешната политика на балканските земји значи дека регионот останува „зона на пукнатина“. Тоа, пак, особено по актуелните збиднувања со руската воена агресија, мора да биде сигнал за брза реакција на Брисел и промптно одблокирање на нашиот европскиот пат преку организирање на првата меѓувладина конференција МКД- ЕУ како почеток на процесот за пристапување на земјата во полноправно членство во ЕУ.

Став на Андреј Жерновски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e