Жерновски: Овој огромен предизвик ќе го надминеме заедно и со ЕУ

Постојаните претставнци на земјите членки на ЕУ, кои доцна синоќа разговараа и за проширувањето, постигнаа консензус за безусловна одлука за преговори со Република Северна Македонија, со безусловно барање за одржување на првата меѓувладина конференција МКД-ЕУ.
Напорите на оваа Влада, дипломатската умешност, храбрата и визионерска политика и’ носат датум на Република Северна Македонија и ни носат европска перспектива на сите нас.
Одлука е донесена и за Албанија, но најверојатно почетокот на преговорите на оваа земја со Унијата е задолжен со неколку услови.

Во ова време на искушенија, сите ние, иако на потешкиот начин, ќе разбереме колку многу значи овој датум, од колкаво знчење се овие преговори, но и условите што ги обезбедивме за нашите граѓани.
Солидарноста, како основен принцип на Унијата, почнува да функционира. Европска Унија, после првичниот шок од пандемијата, започнува да одговара на потребите не само на своите членки, туку и на земјите кои преговараат за членство.

Добиваме пристап до Солидарниот фонд на Унијата, а првичните 50 милиони евра од ИПА средствата, кои Комесарот Вархеји ги промовираше како награда за реформите што ги правиме, добар дел од нив ќе бидат пренаменети за борбата против COVID-19.

Ова е важна вест, не само како потврда за нашиот успех, туку и важна вест во овие моменти кога и ние се соочуваме со предизвиците од епидемијата предизвикана од вирусот Ковид-19. Како земја кандидат за членство во ЕУ, а наскоро, како земја – преговарач, ќе бидеме дел од пакетот мерки, активности и протоколи, кои во моментот се подготвуваат од страна на Европската Комисија.
Овој огромен предизвик за одржување на економската активност на државата, покрај примарниот- здравствениот, ќе го надминеме заедно и со ЕУ.
ФБ статус на Андреј Жерновски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e