Во време кога граѓаните се соочуваат со постојани поскапувања и ниски примања, власта се луксузира на грбот на народот. Владата не сака да им зголеми платите на работниците, одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра а премиерот се луксузира на сметка на сите граѓани, со владиниот авион на море.
Животниот стандард опаѓа, работниците едвај врзуваат крај со крај. Нема пари за поголеми плати, нема пари за 600 евра минимална плата, има само за криминални тендери и луксуз на функционерите од власта.
Од вчерашната средба со членовите на СДСМ Аеродром.
ФБ став на Андреј Жерновски
