Андреј Жерновски, објавувајќи слика од премиерот Христијан Мицкоски на која тој е цитиран дека пожари се случуваат затоа што нема доволно стока која ќе ја пасе тревата, вели дека сега е полесно, оти е детектирана причината за пожарите.
„Етееее каде бил проблемот. Па нормално- во кравите !!!!
Сега веќе е полесно, детектирана е причината за пожарите.
Останува државата да набави повеќе крави, или пак, постоечките да пасат повеќе трева“, напиша тој.