Зекири за пилотите од Арачиново: Исто како да веруваш дека Мицкоски некогаш ќе стане премиер

„Да веруваш дека некој им ветил на Арачиновци дека ќе се вработат 300 пилоти, е исто како да веруваш дека Мицковски некогаш ќе стане премиер“. Вака реагираше пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, во врска со изјава на жители на Арачиново во емисијата „Клик плус“ дека од неговата партија било ветено вработување на 300 жители на селото како пилоти.

Инаку во вчерашната дебатна емисија на ТВ21, жителите на скопското село зборуваа за ветувањата на премиерот Зоран Заев кои, како што велат тие, досега не ги исполнил.

Арачиновци тврдат дека Заев им ветил дека ќе бидат вработени околу 300 пилоти од истоименото село, но како што велат тие тоа било само лага.

Исто така тие изјавиле дека не се задоволни од досегашното владеење на социјалдемократскиот сојуз и дека ветувањата на Заев се најголемите лаги кои некогаш тој ги кажал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e