Доволна беше само една изјава на пратеникот Бранко Манојловски во која тој се залага за недискриминација и еднаков третман на не-хетеросексуалците, и сите се алармираа.
Највозрасниот пратеник во овој состав на Собранието даде мошне отворено, искрено и разбирливо објаснување за еднаквоста меѓу луѓето и забраната на дискриминација, и им одржа лекција на сите други пратеници, вклучувајќи ги и многу помладите од него, за тоа како правдата треба сите да ги заштити под еднакво и дека никој не смее да дискриминира или да навредува друг.
Оваа изјава е мошне нормална за човек како Манојловски кој живеел долго време надвор од Балканот и работел со лица од различни вери, националности и раси, мажи и жени, хомосексуалци и хетеросексуалци. Затоа што отворениот ум и ослободувањето од двојните стандарди се карактеристики на лица кои вистински живееле во шаренолики средини, а не на тие кои таквото шаренило го прифатиле само формално, само толку колку што им било потребно.
Не е воопшто во ред кога некој ги употребува истите двојни стандарди кои биле употребувани против него.
Така, не е воопшто во ред некој кој до вчера се спротивставувал на фактот што бил наречен “клет шиптар” сега да карактеризира цела една заедница како “проколната од Бога, и тоа три пати проколната”. Врв на двојните стандарди е да кажете дека “клет шиптар” е неприфатлив израз, меѓутоа изразот “клет педер” е сосема ОК!
Омразата си е омраза без разлика кон кого се изразува, и секогаш е неприфатлива во сите нејзини форми. Бидејќи да се каже дека хомосексуалците се проколнати од Бога е слобода на изразување исто колку што би било слобода на изразување да се каже дека Албанците се проколнати, така како што навистина мислат некои дека сме. Ова не е слобода на изразување, ова е говор на омраза кој никој не смее да го употреби, и за кој е предвидена кривична одговорност.
…
Колумната на Беса Арифи во целост прочитајте ја тука