Трајко Славески не е „компетентен“ да зборува за срам! Оти ни срам има, ни за срам знае.
Овој бесрамник кој цел живот го помина на државни јасли и кој ни сам не знае на кои се’ функции бил, се скапа од лигушење кај Мицко и бандата со цел по секоја цена да биди гувернер. И бидна гувернер, со плата од 3.000 евра.
Новинарските прашања за висината на неговата плата ги смета за некоректни, ама мува не го лази кога пушта орлови нокти за да нема покачување на минималната плата. Оти со 400 евра во Македонија се живеело подобро отколку со платите во 10 земји членки на ЕУ.
Како довчерашен претседател на Советот на Град Скопје, овој подујанко има иста ако не и поголема вина од Данела за колапсот на главниот град.
Заради вакви егоисти и самобендисани професори, УКИМ испадна од листата на најдобрите 2.000 универзитети во светот.
А бе еден нормален да наместевте на високите државни функции? Еден кој ќе имаше професионални компетенции, ама и малку чоештилак и емпатија. Или токму вакви барате, оперирани од чувства и емоции, за да не делат од Мицко, Лигња и останата багра?
Дно од власт, дно од луѓе!
ФБ став на Зоран Милошески