Новиот премиер вчера на приемот во амбасадата кај Бејли изјави дека САД е ветар во грб за демократијата во регионот. Денеска на средба со амбасадорот на НАТО во Македонија го повтори очекувањето дека по Црна Гора, Македонија ќе биде следната земја членка на НАТО. Потоа обезбеди поддршка од БЕСА за реформските процеси, важни за евро-атланските интеграции. На ова додадете ја посетата на Бугарија и трасираниот курс за релкасирање на меѓуетнички односи. Уште не поминаа 100 дена, Македонија се враќа на шините кои водат во вистински правец. Уште да погоди со вистински луѓе на соодветни места, додека ја превзема администрацијата, за брзиот воз да тргне со максимална брзина.
Џељо Хоџиќ