Заев и Ципрас, две големи (през)имиња кои одат слободно во иста реченица

Скопје, за разлика од Атина, отсекогаш била мала варош, односно се работи за „стартен“ компаративен недостаток поради „квантитативна“ природа. Тоа е начелно, без притоа да имам намера да повредам нечии локалпатриотски чувства. Поточно, многу е тешко, практично е назамисливо да се споредуваат Скопје и Атина како два културни, политички и економски центри.

Скопје и Атина беа два града кои триесетина години беа светлосни години далеку еден-од-друг за, потоа, да ни се појават Ципрас и Заев со договорот од Преспа, и таа разлика да ја рушат, да ја спојат, па да сфатиме на крајот на краиштата дека сепак имаме многу поголеми шанси во Европа како пријатели и сојузници, отколку што имаме шанса како непријатели или како луѓе кои не се поднесуваат и живеат на релативно „пристојна“ раздалеченост едни од други.

Да бидам крајно отворен. Грција и Атина не е постсоцијалистичка или посткомунистичка земја како што тоа е Скопје и Северна Македонија. И оваа разлика е сепак ноторен факт што не може да се негира.

Од друга страна, треба да го потенцираме и тоа: Сириза е најпрогресивната политичка партија во Грција, таа е еден вид преседан во грчкото општество; Сириза е сосема нешто друго од децениските партии на грчките династии, со тие „мицотакиси“ и „папандреувци“ и останати, било да се радикално десни или радикално леви. Сите тие династии најмногу му служеа на божествените корупции, кронизми, клиентелизми и останати помпезно дефинирани форми за она што ние тука, жаргонски, народски и колоквијално, го нарекуваме „лева рука десни џеб“.

И во таков контекст нѝ се појавува Сириза и Алексис Ципрас во Грција од една страна, а од друга страна нѝ се појавува Заев и СДСМ во Македонија, и нѝ го решаваат вештачки наметнатиот тридецениски и суштински идиотски билатерален спор. Денес, пак, Европа, буквално и симболички е воодушевена од тандемот Ципрас – Заев. Воодушевени се поради многу практични причини: овие двајца на Европа и’ докажаа дека Северна Македонија и Грција негуваат демократски, антипопулистички и антиколективистички традиции, се’ она на кое почива и самата Европска Унија.

Целата колумна на Ненад Јовановиќ за Фронтлајн на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e