За компасот на државата

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Ивана Јордановска за Призма:

-Во постизборните анализи на првиот круг од претседателските избори, како што доликува, знаевме и повеќе од она што знаеме. Имено, знаевме дека ова е казна од гласачите за неизработеното од страна на владата на Заев, знаевме дека нема реформа на јавната администрација, знаевме дека парите не се вратени, знаевме дека поредокот во космосот не е воспоставен. Но, едно нешто заборавивме. Ниту се овие изборите за владата на Заев, ниту претседателот на РСМ е функција што може значително да придонесе во која било од овие области.

За очекување е просечниот гласач да асоцира избори со најважните теми во својот живот. Во последните 27 години демократија успеавме да развиеме барем делумно разбирање за разликата помеѓу локалните избори и парламентарните и различните прашања што треба да се решаваат од страна на различните нивоа на власт. Па, така, на локални избори зборуваме за патишта и патчиња, за комуналните услуги и туристичките и земјоделските капацитети. Иако имаме уште за учење, можеме да тврдиме дека ја совладавме лекцијава со „преодна “ оценка.

Но, хаосот околу значењето на претседателските избори изгледа ни е поголем од хаосот за логаритмите и функциите. Логаритмите се функции или функциите се логаритми? Претседателот е на чело на државата, или премиерот е на чело на државата? Претседателот ќе ја решава корупцијата или само ќе ја набљудува од челото на државата?

Претседателот е морален компас на државата. И како и секој друг компас, ја нема директната моќ да го промени правецот на бродот или брзината. Но, ја има моќта да покаже дека југоистокот не е и никогаш не може да биде север

Хаосот е нормален дел од демократското постоење, сѐ додека неговото решавање е цел на политичките елити и аналитичари. И затоа, дури и ако повеќето гласачи и гласачки на РСМ имаат гласано „за“ и „против“ владата на Заев на првиот круг од изборите, неопходно е да разјасниме во јавниот дискурс дека ова не се избори „за“ и „против“ таа влада. Или која било друга влада.

Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e