Воин за циркони

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Кокаланов за Призма:
-Сакам однапред да ви се извинам дека колумнава не е пишувана со пенкалце со циркони. Не сме сите Агенција за електронски комуникации да може да си го дозволиме ваквото пенкалце од сопствени средства, како што напишаа тие во соопштението за скандалозната набавка.
Всушност, да бидам искрен, колумнава воопшто не ја пишувам со пенкало, туку на тастатура, електронски. Се надевам дека нема да претерам ако напишам и дека, барем ако се суди според името на институцијата, и од вработените во една Агенција за електронски комуникации би требало да се очекува да комуницираат – електронски.
Мислам, ако вие во АЕК правите тендер за пенкала, какви тендери треба да очекуваме од Националната агенција за нуклеарни технологии? Свеќи за канцелариско осветлување, јаглен за службените возила или можеби, за околу дваесетина илјади евра, ќе набават секири за цепење на јадрото на атомот!?

2. Не може ли да направиме размена со Грција која, освен споменици, ќе вклучи и канцелариски материјал? На пример, нашиот Воин на коњ оди во пакет со неколку лавови што испуштаат вода од муцките, како и украсни војници со сонца од Кутлеш (фалични до душа, зашто им фалат краци на сонцата, не беа изворно правени за извоз). Зошто грчкиот „Тркач”, кој ни го нудат во размена да не го дополнат со некоја кутија мебел од Икеа, пенкалца, моливчиња и гумички од Космос?
Ако веќе трампаме споменици, мора да се внимава на вредноста. Цел грчки споменик не чини ни колку половина од хонорарот на нашата скулпторка Вале.
Бил од стакло. Океј стакло, ама, извинете, ќе си ставите и некое цирконче во пакетот. Воин на коњ е дел од нашата неодамнешна трагедија, а бидејќи трагедијата е есенцијален дел од нашата традиција, Воинот е неразделив дел и од нашата традиција.
Да скратам, „Тркачот”, седумнаесет кутии пенкалца со циркон, дваесет илјади гумички Пеликан, нов мебел за СЈО од Икеа и – Воинот е ваш.

Колумната на Сашо Кокаланов во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e