Во петката „тепачот“ Дурловски ќе се натпреварува со тепаната Шекеринска

-Нема да има друга значајна тема на овие избори, освен проверката дали оваа историја ќе се повтори? И тоа со веќе остварените ветувања од референдумот: членство во НАТО и отворање преговори со ЕУ?

Всушност, сега е сосема јасно дека ќе се гласа за изборот меѓу „славното минато“ или за „светлата иднина“ на државата.

И симболичниот и практичниот „лакмус“ за тоа ќе биде резултатот во Петтата изборна единица, каде „тепачот“ Дурловски ќе се натпреварува со тепаната Шекеринска, како и генерациско-идеолошката „пресметка“ во Единицата меѓу Силјановска Давкова и Димитров. Подиректно – здравје!

Но, на едно повисоко и „поапстрактно“ ниво е кандидатурата на Александар Николовски во Четворката, каде ќе се соочи со Зоран Заев. Така и треба, бидејќи Николовски, најблискиот соработник на Груевски во целата оваа кандидатска постава на ВМРО, е шпицен-претендентот на местото на Мицкоски во партијата, кој ќе си замине од претседателската функција доколку ВМРО ги загуби изборите. Понудата од Мицкоски е многу јасна: повели, прво победи го Заев во директен изборен дуел, па кандидирај се за моето место! Ферски.

Целата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e