И трето.Македонија не смеела да прифати некаква формулација за заедничка историја со Бугарија додека Бугарија не прифати дека имала заедничка историја и со Грција и со Србија и со Турција и додека со тие земји не потпише слични договори за добрососедство.
А Македонија ќе престанела да ја користи историјата за политички цели кога тоа ќе престанеле да го прават и соседите.
За сите досегашни неуспеси на Македонија на надворешно политички план во изминатите 11 години според Поповски еднакво била одговорна и опозицијата како и владата на Груевски.
Бандата на Груевски останува на ставот дека на Македонија не и потребен Договор за добрососедство со Бугарија и дека тоа наметнато барање од Бугарија треба да биде пресретнато со ултиматум за признавање на посебноста на македонскиот јазик, на македонската нација и посебноста на македонската историја и ако тоа не биде прифатено да не се потпишува било каков договор бидејќи “добри односи со соседите можеле да се градат и без потпишување на било какви договори за добрососедство”.
Нивната политика мора да биде победена за да се исчекори напред и да се обезбеди сигурна иднина за Македонија.
Ѓорѓи СПАСОВ