ВМРО-ДПМНЕ на Македонија ѝ стави бесилка околу вратот

Денеска ВМРО-ДПМНЕ на Македонија и’ стави бесилка околу вратот. Со кредитот од 6 милијарди евра, без никаква претходна консултација со компетентни домашни експерти од областа на финансиите, без јавна расправа, без соопштување на било какви детали околу каматите и опасностите кои ги носи енормно високото и налудничаво задолжување, Мицко и неговото хохштаплерско опкружување потврдија дека се бескрупулозно злосторничко здружување кое раководи со ненародниот и антидржавен политички субјект – ДПМНЕ.
Од чисто лукративни и криминални побуди, од ненаситност и алчност за пари, не само што бандитите од ДПМНЕ ги задолжија и неродените генерации Македонци, туку ја ставија на конец стабилноста и безбедноста на државата. Тоа што во име на Владата договорот го потпиша најголемиот жив медиокритет и преварант на овие простори, е најдобра симболика на предавничкиот чин.
Ќе се изјаснат ли еднаш конечно релативизаторите и промоторите на глупавата и неиздржана теза „сите се исти“, вклучително и „неутралците“ кои од дрвјата не можат или не сакаат да ја видат шумата, или и во оваа ситуација ќе останат доследни на својата недоследност?
Што и да направат, како и да постапат, треба да имаат на ум: Народот кој на власт избира корумпирани измамници, кој поддржува крадци и предавници, не е жртва туку соучесник!
ФБ став на Зоран Милошески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e