Еден милион и неколку стотини илјади граѓани на нашата држава, живеат во две Македонии.
ПРВАТА МАКЕДОНИЈА, виртуелната, е онаа на мицковци: нејзината економија е четврта во Европа, во неа за 10 дена се градат 50 км автопат и 40 км пруга, таму градоначалниците на ДПМНЕ скандинавски управуваат со општините, во таа Македонија живеат среќни и задоволни граѓани.
ВТОРАТА МАКЕДОНИЈА, реалната, е онаа во која живеат нечипирани, слободоумни и мислечки граѓани: таа е татковина на сиромашни и несреќни луѓе, нејзината Влада стави во должничко ропство генерации неродени синови, ќерки, внуци и правнуци, држава во која корупцијата убива млади луѓе во „дискотеки“ и на пешачки премини, во која дебело нафатирани медиокритети со фалсификувани сертификати и дипломи им се смеат во лице на образованите момчиња и девојчиња кои перспективата ја гледаат во час поскорото евакуирање од оваа недојдија, „библиска земја“ каде разобличувањето на албанско-македонската урбана мафија се дефинира како „обид за дестабилизација на државата“, расадник на неспособни градоначалници кои градовите ги престорија во селски паланки, а селата во пустелии.
Има и ТРЕТА МАКЕДОНИЈА, надвор од Македонија: распослана низ Европа, Америка и Австралија, во која чарето и спасот од оваа ваква-никаква Македонија го бараат дел од нејзините најдобри чеда… за жал.
ФБ став на Зоран Милошески