Вие секогаш може да му се вратите на Ќосето

Многу е интересно кога се гледаат тие „вистини“ преточени во мутации, внатре во она кое го живееме, читаме и го поимаме како „информативен жанр“. Внатре во тие наративни обрасци гледаш јасно во што живеевме пред 2017 година, а во што живееме денес.

Пред 2017 година работите беа превртени на глава, што значи дека беа лесни за препознавање. Пропагандата на претходниот режим беше страшно очигледна. Кога еднаш ќе ги презреш, кога само еднаш ќе излезеш од таквиот чудесен ментален свет, гледаш колку е препознатлива и лесна за дешифрирање; па, ако го знаеме сето тоа, лесно беше и да ја отфрлиме од себе. И да одиме спротивно од сѐ она кое го знаевме во тоа време.

Денес, пак, е важно нешто друго: ние влеговме во една нова „софистицирана“ фаза, а со тоа, велам, мене не ми претставува никаков проблем, од типот, да речеме, „слушајте, денес пропагандата е многу порасипана, или денес е многу полошо од пред 2017 година“. Не, тоа се чисти глупости! Затоа што не е полошо, само треба да си базично искрен кон себе и тоа што го гледаш околу себе.

Денес, дури и кога се лаже, се лаже попристојно. И не, јас не ја потценувам таквата врста на постигнување, затоа што заврти-одврти, па дури и лицемерието е еден вид на цивилизациски напредок за она кое го имавме пред 2017 година.

Целата колумна на Ненад Јовановиќ за Фронтлајн на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e