Изливите на радост и среќа на Христијан Мицкоски и Александар Николоски за големите и спектакуларни изборни победи на премиерот Виктор Орбан и на претседателот Александар Вучиќво Унгарија и во Србија што ни ги испратија „жизне“ радосни од Будимпешта, ми заличија на народната поговорка „Видела жабата како се потковува коњот, па и таа кренала нога.“ Еуфоричното изедначување на демохристијанската конзервативна политика и идеологија на пријателите на Македонија, Орбан и Вучиќ, со политиките на ВМРО-ДПМНЕ е идеалот на македонската револуционерна партија и на нејзините следбеници.
Политиките на ВМРО-ДПМНЕ се далеку од демохристијанската иделогија на европските народни партии, дури и полоши од авторитарното владеење на Орбан и на Вучиќ и аномалиите на политичките партии Фидес и СНС во Унгарија и Србија, еднакво далеку колку и оддалеченоста на СДСМ од европската социјалдемократија. Исто толкава е оддалеченоста на нашите тазе озеленети етнички екологисти во ДУИ и албанските опозициски партии кои екологијата и демократијата ја мерат според силината на етничката припадност.
Кога конзервативната авторитарна политика станува иднина
Кажано попрецизно, македонските политички партии немаат речиси никаква идеологија, освен примитивниот дневно политички популизам што е подалеку и од најголемите отстапувања од своите иделогии на европските политички партии на десницата, центарот, левицата и зелените.
Вознесот на Христијан Мицкоски и на Алаксандар Николоски од успехот на премиерот Виктор Орбан доаѓа од неговите „инвестиции“ во односите со земјите во таканаречениот Западен Балкан. Орбан во својот говор, заблагодарувајќи се на сојузниците на неговата партија во странство, истакна: „Тоа не е само наша победа. Целиот свет може да види дека демохристијанската конезервативна политика не е минато. Тоа е иднина. “
Ете, во таа иднина, а не во западноевропските вредности се видоа и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, поканети гости на прославата во Будимпешта на големата изборна победа на Орбан и неговата партија која го доби четвртиот последователен манадат. Но, она што не го видоа, или поточно кажано што не сакаа да го видат нашите маскирани демохристијани се фактите што Унгарија е 25 години членка на НАТО и 18 години членка на ЕУ, иако по многу нешта со проблематична демократија и уште попроблематично владеење на правото, но со импозантен економски раст и брз развој.
Споредбата на 12-годишното владеење на Виктор Орбан и Фидес и 11-годишното на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во остварување на стратегиските интереси на Македонија и на Унгарија во намала рака е непристојно, бидејќи едноставно е неспоредливо по сите основи.
Целата колумна на Ерол Ризаов за Дојче веле на следниот ЛИНК.