Весковски до Стевчо Јакимовски: Дали граѓаните се виновни за исечените дрвја и за задолжувањето на општината?

“Стевчо тврди дека граѓаните биле виновни. Дали граѓаните се виновни за исечените дрвја? Дали граѓаните се виновни за задолжувањето на општината? Дали за неговото неодговорно работење секогаш друг ќе биде виновен? Граѓаните никогаш не можат да бидат виновни. Тие даваат овластувања и тие зимаат овластувања. Виновен може да биде само оној кој работи против нивна волја и интерес, кој не ги информира и кој не ги слуша нивните потреби. Граѓаните на Карпош знаат што е добро, а што е лошо за нивната општина и тоа ќе го покажат на локалните избори.” – напиша на Фејсбук, Душко Весковски од СДСМ откако Стевчо Јакимовски ги посочи граѓаните како виновници што не ги интересирало што предвидуваат деталните урбанистички планови кога се носеле иако, пак, жителите на Карпош неколку пати протестираа и деновиве реагираат зошто насекаде никнуваат нови станбени и деловни згради, бензински, а се уништува зеленилото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e