До: Незадоволните од Заев и СДСМ, оние што не гласаа во прв круг, или ја подржаа Сиљановска
Потсетување…
Што беше РЕЖИМ и како организираа избори во 2011-та. Погледнете го видеото.
Со какви методи се служеше ДПМНЕ.
Од кога почна пеколот за мене и моето семејство. Ова е само почетокот… А за останатиот дел од пеколот јавноста знае само 10% … ( притворот и толку), а има уште многу терор драги пријатели. Чисто информативно.
Затоа НЕМОЈТЕ ДА ПЛУКАТЕ ПО СЛОБОДАТА “ЗАСЛЕПЕНИ ОД НЕИСПОЛНЕТИ ОЧЕКУВАЊА, ЛИЧНИ ИНТЕРЕСИ, ИЛИ ИНАЕТ”. Немојте да дозволите да ја изгубите слободата па потоа да плачете.
Лесно е да се плука по Заев, а знаете зошто?
Затоа што Ви подари слобода.
Пред да продолжите да филозофирате, не го заборавајте злото од ДПМНЕ и Ве молам, ценете ја слободата што Ви ја подари Заев.
ДПМНЕ се истите, до денес. Не се оградија и не се извинија за ниту едно зло.
Доколку Ви се симпатични ДПМНЕ, и доколку сакате ДА ВИ СЕ ВРАТИ РЕЖИМОТ, не излегувајте да гласате или гласајте за Сиљановска. И чекајте ги да Ви се вратат.
Ако се вратат ДПМНЕ, јас мојот живот сигурно ќе го продолжам надвор од Македонија, затоа што ЗНАМ што е ЗЛО и нема да дозволам да ми се повтори.
А Вие подржувачи на Сиљановска, и секакви мрчатори, уживајте во злосторствата што ќе Ви ги прават.
Поздрав!
ФБ статус на Ване Цветанов