Се додека си правите пари, нема да направите држава! Ова не важи само за политичарите, судиите, функционерите, туку за сите инволвирани на каков било начин во создавање систем. Во сечија професија врзана за државни пари, важи ова правило. Структурата што си ја носи секоја партија со себе, отсекогаш била структура што не прави држава, туку си прави пари. Можеби има исклучоци, можеби не сакале директно пари, ама сакале државна работа и привилегии. И така со децении е создаван континуитет на “непроменливост”. Се’ тече, се’ се менува, а всушност нема промена. Кога ќе изберете професионалци со адекватни знаења и искуства потребни за системот, професионалци што не прават пари, не се од вашата структура и не се плашат од вистината и од вас, особено – тогаш има шанса да направите држава. Се’ друго, вклучувајќи ги сите ПР-ови и мантри, е само форма, форма под која сe правaт пари и/или привилегии. Впрочем и затоа си одат гореспоменатите професионалци, зашто нивното знаење и интегритет на 3 000 км северно и западно од овде сеуште значи! Не дека не го знаевте ова, туку ретко кој има доблест да го признае, за себе!
ФБ статус на Синоличка Трпкова