Трпкова: Ханиленд – филм излезен од ова парче земја, кое можеше да биде бисер, а станува депонија

“Ханиленд” пишува историја. Светска секако. Филм за медот, пчелите и Атиџе – една од последните изворни нишки меѓу човекот и природата. Филм што отвора нови документаристичко-уметнички поглавја во кинематографијата. Филм што не’ потсетува за тоа какви можевме да бидеме, и какви никогаш нема да бидеме…Филм за совршенството на природата наспроти грдотијата на човечкиот ум. Филм излезен од ова парче земја, кое можеше да биде бисер, а станува депонија. Не само што ништо не научивме, туку се’ важно и убаво во нас – заборавивме. Честитки за творците на Ханиленд, кои на светот му влеваат надеж – и за уметноста и за природата.

Фејсбук статус на Синоличка Трпкова

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e