Трошат бе брат, и уште никој ништо не им може

Потрошија 16 милиони евра за правење попис и го прогласија за неважечки,Никој не одговареше.
Правеа плажи покрај загадениот Вардар и ги уништија. Никој не одговареше.
Посадија Палми за над 500 илјади евра и се исушија никој не одговора бидејќи било виновно времето.
Потрошија стотици милиони евра за бароктни фасади и бесмислени споменици кои се распаѓаат- никој не одговараше.
Потрошија илјадници евра за некаков проект компјутер за секое дете- ги нема ниту компјутерите ниту одговорност за тоа
Потрошија милиони за некакви здравствени картички- ги укинаа и никој не одговараше.
Слушнавме како земале милионски провизии од „жутите„ за автопатот и никој енодговараше.
Му тргна на Груевски уште од потрошените 5 милиони евра за новата платежна картичка која ја снема и за која никој не одговараше.
И сакаат да останат на власт-бидејќи биле „патриоти„. Како ние сите останати да сме идиоти.

Ѓорѓи Спасов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e