Какво интервју!
Вот какие товариши!
Валодја, Алексеј,
Ја вас љубљу!
Ќе се погрижам специјалната награда на македонската новинарска раскурцаност да ја получите едногласно.
Какво интервју!
Заев плива во геополитичките води како Фелпс во олимпискиот базен.
Англискиот му е малку тврдичок, обаче, е течен и супериорен, разбирлив, дури и за мене.
Националните прашања ги третира така што го тера секој нормален човек да се запраша како е можно во Македонија да има некој што не ги разбира така: разумно, модерно, без пердувската маска на квазипатриотизмот, интегрирани во современиот свет, во силите и тенденциите што го обликуваат не само денес туку и во блиските и малку подалечни перспективи.
Не се сеќавам дека некој македонски политичар дал на меѓународната сцена вакво интервју. Глигоров беше банален демагог и кон внатре и кон надвор, да му го пуштеа овој материјал како негов додека беше жив, сместа ќе умреше, Црвенковски секогаш џкакаше политички Риглис и на меѓународните фактори им испушташе празни балончиња што потоа му се лепеа за носот, Георгиевски беше инфантилна будала, Борче не беше ништо ,а Груевски психосоциопатска грозота која во ментална и во физичка смисла изгледаше како модел што се симнал од некоја кубистичка слика директно во животот. Искривен, исчашен, лепен…
Ако ме прашаат мене јас би го закачил овој материјал на веб страницата на владата и би закупил телевизиско време на сите радиоактивни постаи. Па би го емитирал почесто отколку што тоа го правеше будимпештанскиот мевосек со своите проститутки.
Истовремено, би спакувал некаква форма, аудио или транскриптна и би им ја пратил на внимание на Вес Мичел, на Мајк Пенс, на Тгамп, на Столтенберг, на Порошенко, на Ципрас, на Путин, на Меркел и на уште некои адреси. Нека слушаат што значи принципиленост и солидарност во ставовите за решавање не само на македонското прашање туку и на светските проблеми.
Се разбира, не е пријатно, за безбедносниот протокол во владата и лично за премиерот, кога вака беневолентни им посветуваат толкаво внимание на двајца заебанти. Добронамерни, морам да речам. Да беа поозлобени, верувам дека можеа да предизвикаат сериозна штета. Вака испаѓа како Заев или некој од нашите служби да ги ангажирал да ги афирмираат ставовите на Македонија и лично на Заев.
Благодарим друзја!
Мерси, тенкју.
Да живее Украина.
Порошенко и Столтенберг!
ФБ статус на Бранко Тричковски