Признавајки го новото име на државата “како правен факт”, Силјановска ја урна комплетната платформа на вмро-дпмне за експлоатација на националните чувства за своите злосторнички рафинерии. Тоа не е гаф, како оној во Кочани или во Неготино, туку комплетно замочување и обезличување на вморонскиот политички акварел.
Растурена е народната волја изразена на референдумот, така како што тие ги интерпретираа резултатите од сенародното изјаснување за името, односно за Договорот од Преспа, односно за евроатлантските интеграции. Признавајки го “правниот фат” како правен факт, таа ја призна легитимноста и легалноста на процедурата и во преговорите и во собраниското одлучување и во изјаснувањето на граѓаните, инаку без тоа не би можела да дојде до признавање на правниот факт. Тоа значи дека правниот факт го признала како политички, зашто правните факти секогаш се резултат на политички намери и волји.
Со тоа, всушност, ги изми крвавите раце што на Заев му ги беше зашлакал Мицковски. Ја отера по ѓаволите клучната тема за обескоренувањето и за обезмакедончувањето.
Со тие признанија таа го крена во воздух носечкиот столб на вмровската платформа, тој за поделбата на предавници и патриоти. Го урна лидерот Мицковски и неговиот ретардиран концепти. Го урна шефот на задграничниот комитет на партијата во Будимпешта, Никола, демек, Груевски. Таа се урна себе си како кандидат на вмро-дпмне затоа што го урна концептот со кој беше извлечена од шеширот со професорските шовинисткички и глупи македонкички, разноразни Сузани, Билјани,Тањи и Ќулафкани.
Со други зборови треба да се повлече од трката, да им се извини на граѓаните за тоа што на општетственополитички план го работела во последните години, да приизнае дека со тие заложби им нанела огромна штета на граѓание, на нивната култура и држава, на нивните перспективи, да признае еден друг правен факт, тој дека Груевски е осуден на 2 години и да го повика да се врати, да ги одлежи тие години и да седи тука во другите процеси, да го признае правниот факт дека цели политбироа на партијата што ја кандидираше се осомничени или обвинети за најтешки мирновременски злосторства итн.
Е, сега, кога сето тоа ќе го направи, а на добар пат е, следниот пат, ако е жива и колку-толку здрава, ќе ја кандидираме ние од “Корзо.”
Фб статус на Бранко Тричковски