Тричковски: Одморите, сепак, беа добар избор

Изјавата на Пендаровски дека “не може во екот на аферата „Рекет“ да се тераат одмори како состојбата да е редовна”, е полна со респект кон вознемирената јавност и во таа смисла е на место, но јас мислам дека претседателот го потценува “терањето одмор” како гест кој сугерира(ше) дека не е добро работите да се решаваат во зовриена атмосфера, особено ако атмосферата е зовриена како битна цел и функција на целата афера.
Така што, тоа што Вилма, Заев, па и Катица, се бањаа, додека јавноста бараше крв, апсења, жртви, е многу паметна реакција, особено ако се земе предвид дека првите двајца од аферата, беа пратени на одмор во Шутка уште пред Вилма да си ги купи новите бикини. Сега е некое друго време. Сепак. Јвноста почна да го разликува криминалот од обидот за државен удар и сеење хаос и општа дестабилизација од страна на вмронските чипирани идиоти и нивните милчински и геронимовски сервисери на јавната сцена. И целиот процес може да тргне решително и без пардон, така како што вети Јавниот обвинител и како што побараа Заев и, еве сега, Пендаровски. И како што бара целата јавност.

Фејсбук статус на Бранко Тричковски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e