Новинарот Бранко Тричковски со честитка на својот Фб по повод 11 Октомври.
-На сите роднини и пријатели, рокери и пијандури, комшии и непознати, им го честитам големиот празник 11 Октомври, со народната колумна “Од порно, драма не бидува” во исполнение на Бранко Тричковски!
Од ефтин порно филм, драма не бидува!
Ако направите гулаш од усмрдено месо (вмро) и скапани моркови (дпмне) и тоа го залиете со миризливо вино од секојдневни афери и лаги, статутарни промени и шарени паради, нема да добиете вкусно јадење, туку срање од кое ќе си ја истресете и утробата во школката за дефекација.
Ова е македонизирано издание на една реплика од филмот “Сведок против мафијата”, возбудлива приказна за Џон Готи и Гамбино, најпознатата њујоршка мафиотска фамилија, на режисерот Тадеуш Осаливен. Со таа разлика што фамилијата во Скопје не се вика Гамбино, туку се вика Груевино, вмро-дпмне, а нејзиниот актуелен намесник, демек заменикот на нашиот Готи, таа неверојатно тешка јавна неподносливост, не зрачи ниту колку учкурот на њујоршката мафиотска легенда.