Почеток на крајот и крај на почетокот
Ова подолу е напишано, значи, не е изговорено во некаков афект или во лабава кoнцентрација пред некој амбасадор, туку е мислено, мислено и оставено како писмен траг на неписменоста која е самата по себе грандиозна, а особено станува монструозна кога ќе се појави вооружена со амбициозност.
Врзете се, полетуваме:
“Зло како оваа влада не се руши одеднаш, туку со многу битки, многу труд и паѓање на оваа власт на рати. Ова е почеток на крајот на СДСМ!”
Со други зборови: Оваа влада се руши со паѓање на оваа влада на рати!
Каква е оваа конструкција!?
Ах, бе, Мицко.
Ти, всушност, ја признаваш моќта на оваа власт.
Ти го повикуваш членството на саможртва во една долга и исцрпувачка битка.
Па, нели до вчера говореше дека се готови.
Дека народот не може повеќе да ги трпи и дека ќе ги собори, ја во пуч, ја на избори.
Ако е ова почеток на крајот на сдсм, си можел да смислиш некоја пооригинална фигура, ова со почетокот на крајот не само што е излижана од премногу употреба, туку те доведува во ситуација да одговараш на непријатни прашања какви што се: Ако е ова почеток на крајот, што беше она од вчера, од пред изборите, она од пред три години?
Јас дури мислам дека е посоодветно да се каже дека ова е крај на твојот почеток.
ФБ статус на Бранко Тричковски