Одиме во Европа
Јас гледам на почетокот на преговорите со Европската унија и на членството во НАТО, не само како на голема историска победа на Северна Македонија, туку и како на некоја магија, космичка релација, како на некое провидение кое ги искомбинирало тие дострели со драмата со коронавирусот за да ја нагласи големината, епичноста на нашиот подвиг. Евроатлантските интеграции за Северна Македонија, меѓу другото, ќе ја имаат улогата на вакцина против разорните типови внатрешни вируси, каков што е оној што во политичката инфектологија е означен како вмро-дпмне или како што се надворешните негатори и сератори и аспиратори. Вирусите, се разбира, се надеваат дека Европа ќе умре, во таа поза тие се како мали мачиња однесени на прво ебење во подрумот, обаче, сите знаеме како во вицот завршува тоа искуство. Така ќе биде и во животот. Целата историја е историја на победите на човекот над вирусите. Со многу жртви, се разбира, но се сами победи.
ФБ статус на Бранко Тричковски