Тотална несериозност – Нашата држава не ги потготвува граѓаните за (не дај Боже) војна

Во случај Македонија да биде нападната со ракети од Иран или која било друга агресорска држава, какви засолништа имаме? Многу од нив се неупотребливи, нехигиенски, со заклучени и ‘рѓосани врати. Полни со тегли туршии и гајби со кромид, компири и свежи глувци.
Колку од нас знаат каде да трчаат ако ги чујат сирените за аларм? Во случај сите тие да работат. Шо да земеме со нас кога треба да ја напуштиме куќата за пола минута? Врска немаме.
Нашата држава не ги ппотготвува граѓаните за (не дај боже) војна. Тоа е тотална несериозност. Невнимание шо е одраз на корупцијата и неодговорноста што ја дефинираат Македонија.
Слушам да Многутоа држави го подготвуваат своето население за можна војна, се вложуваат колосални напори во оваа насока. Флаери, информации на прес и на социјалните мрежи, во училиштата и институциите за засолништа од воздушни напади, комплет за однесување и преживување. Кај нас, ништо.
ФБ став на Јован Стефанов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e