-Засега единствено средство за прочистување, за жал, се судниците во кои би требало да се донесат пресуди за сторени злосторнички дела од целокупниот раководен врв на ВМРО-ДПМНЕ, па по сила на закон да мораат да се дистанцираат од нивните ненаситни аспирации и амбиции за продолжување на нивната политичка кариера.
Conditio sine qua non на новата политика на партијата ВМРО-ДПМНЕ би требало да биде да се ослободи од кадрите кои се носители на нејзиниот лош имиџ од самиот почеток на нејзиното конституирање, па до денес. Тоа е, всушност, она кадровско јадро на овој политички субјект, чии припадници во јавноста се познати како фашисоидни (во помека варијанта или како фашистички ориентирани политичари (фундаментални груевисти). Во судските расправи се познати како злосторнички здружувања кои извршиле злосторнички дејанија по наредба на нивниот избеган вожд. Тој, пак, додека тие се влечкаат по судските аули, ги ужива благодетите на коруптивните зделки и украдените народни пари по будимпештанските хотели од највисоки категории. Претходно, сигурно пред полициско-безбедносните истражители на унгарската разузнавачка служба си ја „испразнил душата“ од сите безбедносно значајни податоци со кои располагал за нашата држава, но и за соседните балкански држави, а потоа се впуштил во задоволствата на убавиот живот што го нудат будимпештанските кафеани и хостеси. За тоа време, неговите верни „пајташи и во добро и во зло“ седат во судниците и не сфаќајќи што им се случува, ја чуваат „чистотијата на неговото дело“ и го чекаат „денот Д“ кога некоја непозната сила повикана од новиот вожд (заколнат служител на Никола Груевски) ќе им ги прости гревовите и ќе ги извлече од „казаматите”. Засега единствено средство за прочистување, за жал, се судниците во кои би требало да се донесат пресуди за сторени злосторнички дела од страна на целокупниот раководен врв на ВМРО-ДПМНЕ, па по сила на закон да мораат да се дистанцираат од нивните ненаситни аспирации и амбиции за продолжување на нивната политичка кариера. Или можеби, ако е толкава доблеста на партискиот колективен ум, да им се каже дека нивната политика се сведе на автократско владеење со фашистички методи. Таква храброст засега не е забележена во партискиот амбиент.
Целата колумна на Ѓорѓи Тоновски за Слободен печат на следниов ЛИНК.