Сто илјади денари доживотна плата за бивш претседател, плус шофер, обезбедување… Дали сме нормални? Настрана тоа што не беше претседател, туку играчка во рацете на Груевски. Првите шест години од мандатите не му го чувме гласот, со ќутење ги одобруваше сите потези на Груевски. Затоа од јавноста оправдано го доби прекарот ФИКУС
Лошо глумеше патриот последните две години од мандатот, кога се менуваше името. Сега нешто не му пречи од Северна Македонија да бара доживотни привилегии како бивш претседател.
Зошто би ги плаќале некому, ако се знае дека таа функција кај нас е обичен декор. Служи за сликање и протокол. Нула. Тие привилегии треба веднаш да се укинат. Ќе кажете, ама како? Тоа е Врховен командант! Иди Бегај! Се знае, само еден го заслужуваше она Врховен командант, сите после него се врховни корисни идиоти и ништо друго.
ФБ статус на Сашо Тасевски